Категории

КОЛКУ Е НЕЧИСТА ВАШАТА ТАСТАТУРА И КАКО ДА ЈА ИСЧИСТИТЕ?

Со сета таа прашина, мртва кожа, и микроби, тастатурите знаат да станат нечисти прилично брзо. Дознајте што сè се крие во вашата тастатура, како и неколку паметни начини за како да ја исчистите.

Истражувањата покажаа дека на тастатурите, можат да се најдат повеќе од 3000 организми на 6 центиметри квадратни. Еден британски микробиолог зема примероци од 33 тастатури, една тоалетна школка, и една квака од врата во тоалет, и резултатите покажаа дека четири од тастатурите претставувале опасност по здравјето, а една имала пет пати повеќе бактерии отколку што можат да се најдат на тоалетната школка.

Друго истражување од Универзитетот во Аризона покажа дека просечниот монитор има повеќе бактерии од просечната тоалетна школка. Исто така, работните маси на жените обично имаат повеќе бактерии од оние на мажите.

Истражувањето од Северозападната меморијална болница во Чикаго пронајде две смртоносни бактерии отпорни на лекови кои можат да преживеат до 24 часа на тастатурата. Повеќето од бактериите на тастатурата не се опасни, но претставуваат ризик за луѓето со ослабен имунитет. Но, бактериите можат да предизвикаат инфекции ако имате исеченица на дланките или прстите.

Анкета спроведена на 4000 луѓе покажа дека помалку од половина ги чистат нивните тастатури барем еднаш месечно.

Како да ја исчистите вашата тастатура

Со тек на време, нечистотија, микроби, и бактерии се насобираат во вашата тастатура. Исчистете ја во четири лесни чекори:

  1. Исклучете ја вашата тастатура, или ако е безжична, извадете ѝ ги батериите.
  2. Исчистете го површинскиот дел на тастатурата со мало четче. Ова можете да го правите секојдневно за да не се насобере многу прашина. Исчистете помеѓу копчињата со мала правосмукалка или со тенка четка (најчесто доаѓа со правосмукалките).
  3. За да ја исчистите целосно од бактерии, извадете ги копчињата и измијте ги со топла вода и сјај за садови. Ако се многу валкани, исчеткајте ги со четка за заби. Откако ќе ги извадите копчињата, повторно ишмукајте ја тастатурата со правосмукалка. Откако ќе завршите, избришете ја тастатурата со влажно марамче и оставете ја да се исуши.
  4. Дезинфекцирајте ја тастатурата со специјална течност за електроника, или искористете медицински алкохол. Земете неколку чепкалки за уши, потопете ги во течноста или алкохолот, и нежно поминете помеѓу, од страните и врз копчињата.

Не заборавајте да ги миете рацете редовно! Тоа е најефикасниот и најевтиниот начин да ја одржите вашата тастатура чиста.

Трошките, прашината, нечистотијата се видливи, но и не толку опасни. Невидливите микроби и бактерии, од друга страна, можат да ви направат многу проблеми. Чистењето на тастатурата нека стане дел од вашата работна рутина!

Прегледи:
513
Категории:
Uncategorized
Објавено на:
06.01.2016