Категории

Консумирањето на алкохол може да предизвика паничен напад?

Кога телото го метаболизира алкохолот, нивото на шеќер во крвта паѓа. Анксиозност, пореметување во расположението, зголемена чувствителност се чести следбеници на консумацијата на алкохол.

Кај некои личности, промените во расположението по консумацијата на алкохол можат да бидат прилично интензивни и да предизвикаат паничен напад,пратен со отежнато дишење и вознемиреност. Кога телото го метаболизира алкохолот нивото на шеќерот во крвта паѓа. Освен тоа, воспалителните процеси се интензивираат. Бројни студии докажуваат дека овие процеси доведуваат до промени во расположението и проблеми со помнењето, затоа што зголемувањето на воспалителните маркери може да влијае и на нервниот систем. Кога на тоа ќе се додаде и ниско ниво на шеќер во крвта, доаѓа до нервоза или потиштеност. Физичките симптоми на мамурлакот, како што се главоболката, мачнината и вртоглавиците можат дополнително да ја отежнат состојбата.

Прегледи:
733
Објавено на:
19.03.2019