Промената на ритамот на животот, плановите и навиките донесе доста промени и на емоционална и психолошка страна. Овие одлични совети ќе ви помогнат како повторно да ја пронајдете вербата во себе и да почнете да сакате и цените себеси.
Можеби токму сега е вистинско време за ревизија на вашиот ментален простор, анализа и чистење на вашиот „интерен фото албум“. Се што сте собрале во вашите мисли овие години, неуспеси, порази, туѓи грешки? А можеби и радосни и среќни мигови, живописни случки. Сега е вистинско време да се ослободите од сето она кое ве спречува да имате верба во себеси и се цените за она што вистински сте.
Соочете се со стресот
Дали знаете дека стресот може да биде навика како радоста и бистриот ум? Секое утре започнете полека, исполенте го утрото со ритуали на среќа: пријатно истегнување, чаша вода со лимон, масажа, благодарност, молитва или медитација. Ова не се комплицирани но се исклучително корисни чекори кои ќе ви го променат погледот на светот.
Водете грижа за вашето здравје
Понекогаш тмурните мисли за себе донесуваат последици и врз целокупниот начин на живот, почнете да се грижите за себе и за вашето тело. Вежбајте, негувајте се.
Анализирајте ја вашата околина
Запрашајте се кој е вреден а кој не да се грижите за него. Дали луѓето околу вас ви донесуваат позитивни или негативни вибрации. Оние кои влијаат негативно, време е да им кажете збогум.
Ослободете се од вашите стравови
Напишете го она од кое се плашете, што ве спречува, кои стереотипи го спречуваат вашиот успех. Заменете го со позитивни унапредувања.
Сонувајте
Запишете ги вашите главни желби : изглед, здравје, односи, активности, таленти, хобија, патувања… Слободни сте да го обликувате вашиот живот онака како што сакате. Важно е да се гледате себеси со други очи, и на крајот да се сакате и почитувате себеси. Така ќе биде лесно да ги засакате и другите!