Категории

Коронавирусот после една недела престана да се шири во Јапонија

Како Јапонците успеаја да го стават корона вирусот под контрола?

Цел свет се бори со пандемијата на корона вирусот, во Италија заразата е критична, секојдневно однесува стотици животи а во Шпанија полека станува се по алармантна.

Иако со оглед на густата населеност во Јапонија, статистиките би требало да бидат многу полоши, тие изгледа пронајдоа начин како да го контролираат ширњето на вирусот.

Во Јапонија досега се регистрирани 1,388 случаи на Covid-19, забележани се 47 смртни случаи а 359 луѓе се потполно опоравени. Оваа статистика, со оглед на густата населеност во Јапонија (спрема последниот попис на населението – 125,392,572) би требала да биде многу полоша

Меѓутоа продавниците и рестораните останаа отворени, само мал број јапонци работат од дома а на улиците има доста луѓе.

„Во Јапонија се тестираат пациенти со најтешки симптоми“, објаснува вирологот Масаширо Ками.
Наместо тестовите да се извршуваат во цела земја, акцентот се става само на местата каде што болеста избива најчесто.

После избивањето на заразата во основните училишта на северот на островот Хокаидо, донесена е одлука да се затворат сите училишта и да се прогласи вонредна состојба. После една недела, вирусот престана да се шири.

Јапонците се поздравуваат со поклонување со што се намалува ризикот од инфекција, а нема нити ракување нити бакнување во образ. Миењето раце со сретство за дезинфекција како и носењето на заштитни маски е секојдневие и без корона вирусот.

Јапонската влада ги затвори училиштата додека работат само оние на чии подрачја нема заболени од вирусот.
Исто така фокусот е ставен на спречување на опасноста од странците. Јужнокорејците и граѓаните на ЕУ немаат право на влез во земјата. Во земјата смеат да влезат само оние кои имаат место на престој во Јапонија но мораат да останат во карантин 14 дена. Спрема неслужбени информации, мерките за почеток се ограничени до крајот на април.

Прегледи:
638
Објавено на:
29.03.2020