Категории

Коса полна со волумен е ин: Оваа фризура ќе биде број 1 оваа година!

Трендовите од 90-тите години не престануваат да се враќаат. Дури и ако не ги следите трендовите, веруваме дека ќе ја обожавате оваа фризура

Голем број на трендови што беа популарни во 90-тите години на голема врата се вратија на модната сцена. Така ќе биде и оваа година кога станува збор за фризури.

Стилистите за коса веќе донесоа одлука и предвидуваат дека една фризура ќе биде омилена кај припадничките на понежниот пол. Селена Гомез се појави со нова должина на косата и токму така ќе изгледа фризурата која е најдобриот избор за 2020 година.

Степенесто исшишана коса со шишки и многу волумен ќе се гледа често во наредните години. Што се однесува до должината, коса до под рамена е идеална, според експертите.

Ако се сомневате во изборот на нова фризура, размислете за овој начин на силизирање. Она што е најдобро за овој стил е дека на секоја личност оваа должина и одговара прекрасно. Без оглед на формата на лицето што го имате, ќе ви стои феноменално.

Дали ви се допаѓа овој тренд на шишање?

Прегледи:
512
Објавено на:
14.01.2020