Категории

Костим за капење кој изгледа како влакнести машки гради

Брендот “Beloved Shirts” претстави нов костим за капење кој наредната сезона сигурно ќе привлекува многу погледи на плажа а многумина и ќе ги шокира.

На својот Инстаграм профил брендот го објави изгледот на костимот кој го рекламираат како „бикини со секси гради“, но секси веројатно е последното нешто на кое ќе помислите кога ќе го погледнете овој костим за капење.

Костимот е направен на начин да изгледа како влакнести машки гради од предната страна, додека назад изгледа како влакнест грб.

Објавата некои ги шокира а многумина и ги насмеа.

Прегледи:
825
Објавено на:
09.11.2020