Категории

Кралска елеганција – Кејт Мидлтон блесна на Вимболдон во розова комбинација

Новак влезе во историјата со својата последна победа – но стилски победник на овогодинешниот Вимблдон е секако Кејт Мидлтон, чиишто аутфити од трибините го привлекоа вниманието не само на трендпотерите и трендсетерките, туку и на оние кои би рекле дека не ја следат модата.

Покрај тоа што секој пат изгледаше беспрекорно, Кејт испрати силна порака против модниот елитизам – покрај тоа што дизајнерските брендови беа подеднакво застапени во секоја комбинација со нашите омилени брендови на улиците, Кејт со својот пример покажа дека и најфотографираните славни личности се не мора да излегуваат во јавноста секој пат во нова облека и додатоци.

Имено, војвотката од Кембриџ, покрај елегантниот розов фустан од Беулах Лондон, избра сандали кои можат да си ги дозволат жените чиј буџет за облека не е многу кралски. Станува збор за модел на Алдо, Николс, реализиран во голи нијанси на кожа од велур.