Модерна куќа која плови, гледајќи ја од далеку изгледа нереално, но архитектот Myitr Malcew го создал ова чудо.
Недалеку од плажата, над вода, се наоѓа објект со две спални, две бањи, дневен престој, кујна со бар и големи тераси. Оваа структура може да се поместува, по желба на сопствениците.
Во моментов куќата се наоѓа на почетокот на морето, каде водата е мирна, а бидејќи е опкружена со стакла дава неверојатен панорамски поглед. Дизајнирана од архитект од Сингапур, Myitr Malcew за H2ORIZON француски изведувач кој специјализира за пловни структури.
„Создадена за луѓе кои ја сакаат слободата и сакаат да се опкружени со природата. Концептот извира од природата, правејќи го животот поедноставен, но и луксузен. Изградена е од пловни платформи кои лесно можат да се движат од едно до друго место, давајќи му флексибилност на објектот.“ вели Malcew.