За сите дами кои преферираат минимализам, автентичност и модерен стил, споделуваме тренд маникир идеи кои совршено ќе се вклопат во вашите секојдневни изгледи.
На модната сцена веќе неколку сезони самоуверено царува минимализмот, како и кај облеката, така и кај шминката и маникирот – трендовите диктираат дека „помалку е секогаш повеќе“. Кога е во прашање маникирот, ви споделуваме неколку тренд изгледи кои се хит ова лето, па доколку сакате автентичен изглед, овие идеи можат да ви послужат како инспирација.