Категории

Локални уметници го разубавија Скопје како дел од урбаната галерија „Градот убав“

Среќа е кога локалните уметници ќе го разубават градот.

Дваесетина уметници со своите дела го украсија ГТЦ и ја создадоа првата отворена галерија на урбана уметност во сутеренот на ГТЦ, кај автобуската постојка. Отворањето на оваа урбана галерија се одржа на 17-ти јуни, кога јавноста ги виде креациите на уметниците.

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.

Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), а во него земаа учество дваесетина локални уметници предходно одбрани на  отворен конкурс, меѓу кои Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска.

Ова се нивните дела, а за искуството да биде комплетно, ви препорачуваме да ја посетите оваа отворена галерија.

 

Фотографиите се превземени од: МКЦ

Прегледи:
766
Објавено на:
19.06.2018