Категории

Лубеницата како дел од вашата beauty рутина ова лето – Сите придобивки од омиленото летно овошје

Дали знаете за бројните придобивки и предности на лубеницата кога ја употребувате во вашата дневна рутина за нега?

Апсолутно секој дел од лубеницата може да се искористи – и кората и семките.
„Месото“ на лубеницата е толку сочно што на прв поглед ви е јасно и логично колку се моќни нејзините хидратантни својства.
Кога се работи за кората – неа можете да ја користите за опоравување на оштетената кожа и за хидратација.
Семките на лубеницата се протеини кои со додавањето на масните киселини ја навлажнуваат и помагаат во затегнувањето на кожата.

Лубеницата содржи 90% вода – што и дава екстремни хидратантни својства – па нејзин главен ефект е омекнувањето на кожата. Има моќ да ги редуцира брчките и има позитивно влијание врз сувоста на кожата – која со тек на време на сите ни претставува проблем.

Состојки со кои е најдобро да се комбинира лубеницата

Хијалуронската киселина ќе го зголеми влијанието на хидратантниот потенцијал на лубеницата, како што е екфолијантот млечна киселина поради кој овие две состојки се идеален пар. Ако сакате да го зголемите антиоксидансниот ефект – слободно додадете витамин Ц и Е.

Најголемата предност на лубеницата е тоа што позитивните ефекти можат да се забележат веднаш.
Меѓутоа ако целите на долгорочни ефекти, тогаш ве советуваме на долготрајна примена – минимум 30 дена, кога ќелиите во потполност ќе се регенерираат и кога ќе уживате во ефектите на овој природен beauty препарат.

Погодна е за сите типови кожа, со оглед на тоа што се работи за овошје или потполно природен производ, со кој можете да ја разгалите вашата кожа.
Под нејзините дејства спаѓа и анти-инфламаторното дејство кое делува и како превенција против акни и осип. Ја смирува надразнетата кожа и го редуцира црвенилото.