Категории

Љубовна приказна за едно солено кафе која ќе ги растопи и ледените срца

За вистинската љубов, вреди да се жртвуваш

Ја запознал на забава. Била прекрасна, многу момчиња и се додворувале, но тој бил со просечен изглед, срамежлив и повлечен. На крајот од забавата, конечно собрал храброст да ја покани на кафе. Била изненадена но поради пристојност, го прифатила неговиот повик. Седнале во убав кафич, тој бил премногу нервозен за да каже што било, а таа се чувствувала непријатно додека го чекале кафето. Се чинело како разговорот помеѓу нив нема никогаш да започне.
Кафето пристигнало и одеднаш тој го запрашал келнерот: „Можете ли, ве молам, да донесете сол за кафето?“ Сите во кафичот го погледнале чудно. Тој поцрвенил, но сеедно ставил сол во своето кафе и почнал да го пие, голтка по голтка.
Таа го прашала радознало: „Од каде ти е таа необична навика?“
Тој одговрил: „Кога бев мал, живеев на море. Сакав да си играм во морето, да го чувствувам вкусот на морето и така едноставно засакав солено кафе. Кога и да го пијам, се сеќавам на своето детство, мислам на својот роден град кој ми недостига, и на родителите кои сеуште живеат таму.“
Додека го раскажувал тоа, очите му се исполниле со солзи.
Таа била длабоко погодена. Тоа биле неговите вистински чувства, од длабочината на неговото срце.
Мажот кој може да зборува за својата носталгија кон својот дом, сигурно е човек кој сака дом и е одговорен спрема своето семејство. Потоа таа почнала да зборува за своето детство, за далечниот роден град и своето семејство.
Тоа бил убав разговор, и прекрасен почеток на нивните љубовни приказни. Продолжиле да се гледаат. Таа открила дека тој е маж кој ги исполнува сите нејзини побарувања. Толерантен е, има добро срце, топол е и грижлив. А да не беше солта во неговото кафе, тоа никогаш немаше да го открие.

Продолжението на нивната приказна е прекрасна долга љубовта приказна. Се венчале и живееле среќно. И секако, секој пат кога таа правела кафе за двајцата, ставала сол во неговото онака како што тој тоа го сакал. После 40 години среќен брак, тој умрел по кратко боледување.
Еден ден, таа пронашла писмо кое тој и го оставил. Во писмото пишувало:
„Најдрага моја, те молам прости ми, прости ми за мојата лага. Тоа беше единствената лага која некогаш сум ти ја кажал – солено кафе. Се сеќаваш на денот кога излеговме за прв пат? Тогаш бев толку нервозен, иако сакав шеќер, – реков сол. Ми беше непријатно тоа да го променам па продолжив со таа лага. Не ни замислував дека тоа можеше да биде почетокот на нашата комуникација.
Многу пати се обидов да ти ја кажам вистината, но се плашев бидејќи ти ветив дека нема никогаш да те лажам. Сега умирам, и затоа ќе ти ја кажам вистината. Не сакам солено кафе, има многу лош вкус. Но пиев солено кафе целиот свој живот. Откако те запознав, никогаш не зажалив за ништо шѕо направив за тебе. Тоа што те имав покрај себе беше најголемата среќа во мојот живот, и повторно би пиел солена кафе секој ден.
Те молам прости ми драга, што те излажав оној ден во кафичот и никогаш не ти ја кажав вистината.Сеуште сум лудо заљубен во тебе!“
Солзите и се тркалале по нејзините образи додека го читала пимото.
И сега кога некој ќе ја запраша: „Каков вкус има соленото кафе?“, таа секогаш одговара: „Сладок!“