Категории

Љубовната приказна на Џорџ и Амал Клуни

После две ипол години во брак, Џорџ и Амал Клуни изјавија дека очекуваат близнаци-момче и девојче овој Јуни. После долги години, двајцата се венчаа, а на пат се и деца-не би можеле да бидат посреќни.Но што се случи за Џорџ Клуни, најозборуваниот ерген во Холивуд, да стигне до тука?

Пресвртницата се случила токму на оскаровите доделувања, каде ја запознал Амал Аламудин. Парот се сретнале прво во Италија на хуманитарна акција во Септември 2013.
Кога ќе ја пронајдете љубовта на вашиот живот, не сакате другите да знаат за тоа. Дури ни најблиските.-рече Џорџ Клуни надоделувањата на Golden Globes во 2015.
george clooney love story
За Џорџ не било потребно многу за да сфати дека Амал е вистинската. „Знаев уште од моментот кога ја запознав дека е посебна и несекојдневна. Единственото нешто за кое се прашував беше дали ќе добијам шанса да излезам на состанок со неа“-вели Клуни.
george clooney love story
Џорџ и Амал за прв пат се појавија како пар на вечера во ресторан во Лондон во Октомври 2013. Јавноста не можеше да излезе со вести за љубовниот статус на ергенот. Иако на почетокот ја негирал врската, сепак парот е виден како држат раце на премиерата на филмот The Monuments Men во Фебруари 2014. Од тогаш, тие се неразделни.
george clooney love story
Во Април 2014, Џорџ ја запроси Амал на домашно зготвена романтична вечера. Одговорот на Амал не бил типично „да“, напротив била многу шокирана и не кажала асполутно ништо. Свадбата ја испланирале година подоцна во државата каде што првично се запознале. Ги кажаа судбоносните „да“ на 27 Септември 2014 во Венеција на чија церемонија присуствувале околу 100 луѓе, вклучувајќи ги и Синди Крафорд, Мет Демон и Емили Блант.
george clooney love story
Прегледи:
490
Објавено на:
28.03.2017