Категории

Љубовната приказна на Ејми Вајнхаус: Жената која до смрт сакаше проблеми!

Со огромната натапирана коса и Клеопатра шминка, силикони во градите, делуваше застрашувачки. Девојката со костенливи очи со своите 159 цм висина, во спотовите беше секси мачка, а некогаш и црна вдовица.

Нејзиниот специфичен стил ја направи муза на модните дизајнери. Она што особено привлекуваше внимание се нејзините тетоважи. Меѓу петнаесетте цртежи настанати во текот на годините, почнувајќи од Бети Буп на рамото, топлес жена, клучот на животот со ангелски крилја, па цртеж од заден џеб со името на љубовта на нејзиниот живот, Блејк.

Иако сите тетоважи имаат свое значење, оние на рацете ја раскажуваат вистинската приказна: на левото рамо зборовите: „Девојчето на тато“, потоа името на нејзината баба Синтија, а над десниот зглоб – молња – за која изјавила: „Ја сакам. Молњата е природна катастрофа.“Како изгледаше животната историја на Ејми Вајнхаус која водеше од татино девојче до катастрофа?

Нејзината музиќка кариера започнала кога го потпишала договорот за Исланд Рекордс со само седумнаесет години. Ејми прв пат го сретнала Тејлор во школото за глума кога имала само 13 години. Тејлор и Ејми биле во љубовна врска 2000. година и останале блиски пријатели до нејзината смрт. Во наредните неколку години ја освои и запали целата планета, како со својот глас, трач-колумните, љубовните бродоломи, како и апсењата, тепачките и многубројните скандали.

На 22 години го запознала својот иден маж во бар, веројатно единствениот човек кого навистина го сакала. Неговото име е Блејк Филдер Сивил. Раскинувања, смирувања, брак на Флорида во мај 2007. година, кавги, тепачки и сѐ така во круг.

Тој ја пратеше на турнеите како асистент за видео продукција. Во текот на нивната врска и брак постоеле среќни времиња, јавни искажувања на љубов, но и борба, раскинувања, затвор, злоупотреба, дрога и алкохол.

Песните на нејзиниот втор албум Back to Black (2006) говорат за нејзината бурна врска со Блејк (посебно песната Some Unholy War). Ејми во 2007. година изјавила: „Сите песни на албумот говорат за состојбите во мојата врска во тоа време со Блејк. Никогаш во животот не сум го чувствувала она што го чувствувам за него. Беше многу катарзично, бидејќи се чувствував ужасно поради начинот на кој се однесувавме еден кон друг. Сакав да умрам.“

Под притисок на нивните родители тие се развеле во јули 2009. година. Тој е заслужен за многу нејзини песни, но и вбризгувањето на хероин и борбата со анорексија, булимија и депресија.

Во текот на едно интервју, со парчиња скршено огледало на стомакот го врежала неговото име – Блејк. Ни по разводот не ги прекинале контактите иако биле во врска со други партнери.

Рег Тревис ја запознал Ејми во 2009. година и бил нејзино момче сѐ до нејзината смрт во 2011. Тој е син на лондонски публицист, филмски режисер на неколку филмови. Ејми за него изјавила: „Имам многу убав дечко. Тој е многу добар кон мене.“

Таткото на Ејми, Мич Вајнхаус напишал во својата книга дека Рег и Ејми планирале да се венчаат и да имаат деца. Меѓутоа, некогашната девојка на Рег изјавила дека тој од неа сакал само публицитет.

„Ејми треба да знае дека ја користи. Рег и јас бевме лудо вљубени , но тој го отфрли сето тоа само за да биде со неа бидејќи е позната“, инсистирала Рејвен.

„Тој дури и не сака бринети – особено со лажни гради.“ Како што се шпекулира Тревис раскинал со ејми кога ги видел нејзините СМС пораки со Блејк.

Ејми почна да исчезнува пред нашите очи. Дури и постоеше сајт „Кога ќе умре Ејми Вајнхаус?“, на кој следбениците се натпреваруваа кој ќе ја погоди точната дата. Некој на денот на нејзината смрт победи.

Официјално последниот концерт на Ејми е одржан во Белград на 18. јуни 2011. година. По неколку безуспешни обиди да испее барем една песна, нејзините пратечки вокали ја испочитуваа белградската публика и свиреле до крај, додека пејачката ги пратела со смеење и играње. Глетката беше срамна и тажна, додека Ејми се бореше со микрофонот, не знаејќи каде се наоѓа, ниту пак што прави.

Таа почина на дваесет и седум години, како и низа големи музички ѕвезди пред неа. Зад себе ги остави родителите и милион тажни фанови. Освен пар луѓе од музичкиот бизнис и поранешниот маж, Ејми веројатно и немала други пријатели. Пред да почине, наградена е со пет Греми награди во една вечер, пеела на 90. роденден на Нелсон Мендела, била муза на Карл Лагерфилд, пеела на париската модна недела, шетала по бројни црвени теписи.