Категории

Љубовта не е секогаш розова – За неа треба да се бориш секој нов ден

Љубовта не е само чувство, таа е посветеност да сакаш секој ден, физички и емоционално. 

Секоја врска евентуално ќе стане досадна после долги години поминати заедно.
Љубовта не е само чувство, таа е посветеност да сакаш секој ден, физички и емоционално.

Љубовта е тешка и не е секогаш рози, насмевки и забава.
Луѓето се одлучуваат да заминат тогаш кога нештата ќе станат реални, кога забавата ќе престане и ќе биде тешко. Ќе тргнат во потрага по некој нов затоа што „жарот изгаснал“.

Но тоа не е начинот на кој функционираат нештата.
Потребен ти е некој кој нема да се откаже од тебе, кој ќе те сака безусловно и ќе се бори за тебе со секој нов ден.

Љубовта не е Холивуд нити бакнежи на зајдисонце. Понекогаш е горчина и матно небо, грмотевици и бури. Љубовта е реалност, но можеш да ги имаш сите нешта ако одлучиш да останеш и покрај се, ако одлучиш да не се откажеш.

Прегледи:
590
Објавено на:
08.08.2020