Категории

Љубовта не повредува и нанесува зло – Луѓето го прават тоа

Престани да бараш изговори за луѓето кои ти нанесуваат болка обвинувајќи ја љубовта 

Љубовта не нанесува зло, запомни го тоа. Љубовта не лаже, не изневерува, не повредува, не ранува, немој да пронаоѓаш изговори за да го оправдаш сето тоа.

Секој оној кој и покрај фактот што знаелл дека на тој начин те прави да се чувствуваш лошо, одбрал да го направи сето тоа, не чувствува љубов спрема тебе. Вистинската љубов не нанесува зло.

Немој да го оправдуваш простувањето со љубовта, вистинската љубов не бара прошка, таа е невина самата по себе. Оној кој вистински те сака нема да направи ништо кое би те направило да се чувствуваш како да си помалку вреден, како да не заслужуваш среќа и радост, како да си маченик.

Тоа го прават луѓето кои не знаат како изгледа вистинската љубов, оние кои не сакале да откријат како изгледа таа. Нивните усни зборуваат едно но нивните дела го поништуваат секој искажан збор, таквите луѓе не треба да имаат место во твојот живот. Не ја обвинувај љубовта за нивнотото присуство, едноставно заврти им го грбот.

И едно запомни, љубовта не прави ништо лошо, таа едноставно само – сака!

Прегледи:
759
Објавено на:
02.05.2020