Категории

Мајка Тереза споделила како да постапувате со луѓето кои се злобни кон вас

Прочитајте го советот на Мајка Тереза: Како да постапувате со луѓето кои се однесуваат лошо со вас.

Мајка Тереза го поминала целиот свој живот, помагајќи им на сиромашните, бојните, сираците и оние на кои цел свет заборавил и ги отфрлил – сите освен оваа извонредна жени родена пред 105 години во Скопје. Усвојте го нејзиниот совет и ќе бидете среќни:

Луѓето можат да бидат неразумни, нелогични и егоистични. Сеедно, простете им. Ако ја негувате добрината, а луѓето ве обвинуваат, тајно од сопствени причини – сеедно, негувајте ја добруната.
Ако сте постигнале успех, околу вас можат да се појават многу имагинарни пријатели, и вистински непријатели, сеедно – постигнете успех и продолжете.
Ако сте искрени и отворени, а луѓето ве измамуваат – сеедно, бидете искрени и отворени.
Она што сте го граделе со текот на годините, може да биде уништено преку ноќ: сеедно – градете.
Ако сте пронашле спокој и среќа, ќе ви завидуваат: сеедно, бидете среќни.
Ако сте створиле добро денес, луѓето ќе заборават уште утре: сеедно – правете добро.
Делете го со луѓето најдоброто што го имате, и тоа никогаш нема да биде доволно: сеедно, делете го најдоброто што го имате.
На крајот на краиштата, ќе се уверите и сами, дека сето ова е помеѓу вас и Бог. Сеедно, тоа никогаш не било помеѓу вас и нив.