Категории

Мажите откриваат што сакаат да видат на секоја жена: Овие 5 детали ги воодушевуваат

Иако поголемиот дел од луѓето мислат дека мажите ги освојува црвениот кармин, за нив природниот изглед е секогаш најатрактивен. Имено, дури 57% од испитаниците откриле дека не преферираат црвен кармин, а 82% изјавиле дека повеќе им се допаѓаат природните фризури отколку тренди фризурите или косата врзана во репче.

Црвен фустан наместо црвен кармин

Одлучете се за бојата на страста на вашата облека, а не на усните.

Распуштена коса наместо врзана во репче

Иако понекогаш е најлесно да ја врзете косата, бидејќи едноставно не сте задоволни со нејзиниот изглед сепак мажите најмногу сакаат кога на жената косата и е пуштена.

“Nude” изглед на шминката

Можеби поради техниката „smokey eyes“ жените се чувствуваат посекси но 66% од мажите не ја сметаат својата партнерка за атрактивна кога носи темна шминка. Повеќето мажи сакаат природен изглед па наместо црвен кармин и темни тонови изберете сјај или nude кармин и минимум шминка на лицето.

Скриена сензулност наместо отворен сексапил

Иако владее мислењето деа жената е сексапилна тогаш кога ќе го покаже голото тело, мажите ги привлекува мистичноста. Истражувањето покажало дека жената е најпривлечна кога наутро ќе се облече во неговата кошула, напола закопчана. За мажите тоа е неодоливо секси.

Класичен изглед, а не тренди парчиња облека

Истражувањето открива дека мажите сепак преферираат класичен изглед. Изборот со кој не можете да погрешите се безвременските фармерки и обичната маичка. Истото правило важи и за накитот.