Категории

8 фотографии кои докажуваат дека и мажите се жртви на фотошоп

Иако најмногу корекции се забележуваат кај жените, но и мажите не се изоставени од фотошоп обработка. Ова се славни личности од машкиот пол кој подлегнале на корекции, помалку или повеќе, со помали или поголеми грешки.

Не е јасно зашто Вог решиле да го тргнат Канје од огледалото…

Фитнес магазинот треба да промовира здрав и активен начин на живот, а ставањето на насловна фотографија која очигледно е значително обработена и скоро не реална е дискутабилно.

Малку го стесниле…

Мажите што пијат Кока Кола немаат брадавици?

Џони Деп е еден од најдобрите актери на денешницата, но 51 годишниот актер на постерот за филмот Mortdecai е без брчки, дисколорации, пори…

Младата поп ѕвезда иако негираше дека е фотошопиран за кампањата на Келвин Клајн, со одговор дека редовно вежба, сепак кога протекоа првичните фотографии јасно се гледа дека малку е нашминкан…

Дури и малиот принц Џорџ стана жртва на фотошоп. Промена се гледа во тенот, бојата на косата и очите, а тоа го правдале со објаснување дека првичната слика била темна и било неопходно да се зголеми интензитетот на боите, заради процесот на печатење…

Принцот Вилијам се почесто го гледаме со помалку коса, тоа е нормален процес, доколку некој маж е склон на ќелавост. Ама, за насловната на „Hello” покрај потемната коса која му е дадена, очигледно е дека му е додадено и некое влакно плус.