Категории

Мажот и рекол на својата жена дека е стара и непривлечна, а еве што му одговорила жената

Нејзиниот одговор е вреден за аплауз!

Мажот поминал 30 години во брак со својата жена. Еден ден се загледал во неа и рекол:
-Драга, пред точно 30 години се вселивме во мал скромен стан, како подстанари, возев некоја крнтија, спиевме на стар кревет и имавме црно-бел телевизор..
Но затоа, секоја ноќ легнував во кревет со 23-годишна убавица.
Сега имаме голема куќа, два добри автомобили, огромен брачен кревет и последен модел на LCD телевизор, но секоја ноќ легнувам во кревет со 53-годишна жена.
Мислам дека ти малку не одговараш на моите стандарди и промените кои се случиле во мојот живот.

Одговорот на жената на оваа дрска констатација на мажот бил краток, јасен и феноменален:
-Па добро драги, никој не те држи. Оди и пронајди си за себе 23-годишна убавица, и потоа повторно ќе се вратиш во младоста: Ќе живееш во мал стан, ќе возиш стара крнтија, ќе спиеш на кревет кој шкрипи и ќе гледаш црно-бел телевизор.

Прегледи:
562
Категории:
Среќа на денот · Хумор
Објавено на:
17.12.2019