Категории

Мажот и рекол на жената дека е стара и непривлечна, а жената му дала одличен одговор!

Брачен пар биле во брак веќе 30 години. Еден ден, мажот се загледал во жената и ѝ рекол: „Драга, пред точно 30 години се вселивме во мал скромен стан, како потстанари, возев некоја крнтија, спиевме на некој стар кауч и гледавме во црно-бел телевизор…Но, затоа, секоја ноќ легнував со 23-годишна убавица…

Сега имаме голема куќа, два добри автомобили, огромен брачен кревет и последниот модел на ЛЦД телевизор, но секоја ноќ одам во кревет со 53-годишна жена…

Мислам дека ти малку не одговараш на моите стандарди и промени кои се случија во мојот живот.

Одговорот на жената на оваа дрска констатација на мажот бил краток, јасен и феноменален:

„Па драги, никој не те држи. Оди и пронајди си 23-годишна убавица, и повторно ќе се вратиш во младоста: ќе живееш во мал стан, ќе возиш стара крнтија, ќе спиеш на кауч кој чкрипи и ќе глеаш во црно-бел телевизор!

Прегледи:
607
Објавено на:
03.10.2019