Не носат наметка сите херои – некои од нив носат бел мантил и заштитни одела.
Знаете за кои херои зборуваме – за оние кои се први на борбените линии на глобалната пандемија која се’ уште трае. Моментално, овие херои се препознати во кампањата на колекцијата на Reebok наречена Wonder Woman.
Фотографиите од кампањата ги имаат како главни лица 6 медицински сестри од Бостон, каде што се канцелариите на Reebok.
Новата линија е инспирирана од филмот кој е во најава, Wonderwoman 1984.
Caroline Machen, потпретседателката на глобалниот маркетинг во Reebok, вика: „Овие сестри се на првата борбена линија против првата глобална пандемија во овој век, ризикувајќи си го животот секој ден за да помогнат на другите. Тие можеби не се гледаат себеси како херои, но ние ги гледаме така“