Продажбата на парчињата облека кои ги носела војвотката, се зголемиле за 200 отсто. Војвотката од Сасекс, Меган маркл всушност е прогласена за највлијателна модна икона, преминувајќи ги Кајли Џенер и Карди Би, кои досега се наоѓаа на врвот на листата.
Воедно таа е и единствената членка на кралското семејство која некогаш се нашла меѓу првите десет места на познатата листа на сајтот Lyst Index.
При изборот е земено в обзир колку проценти скокнала продажбата на парчињата откако ги носеле познатите дами. Во случајот на сопругата на принцот хари, тој процент е неверојатни 216!
Минатата година, Меган на оваа листа го зазема третото место, додека нејзината јатрва Кејт Мидлтон оваа година не успеа да се пробие помеѓу првите десет.