Категории

Меланија Трамп беспрекорна во бело одело

Првата дама на САД, Меланија Трамп со својот беспрекорен стил и модни комбинации претставува вистинска инспирација за бројни дами ширум светот.

Сопругата на претседателот Доналд Трамп присуствуваше на церемонијата на доделувањето на Претседничкиот медаљ на слободата на безбол играчот Мариано Ривера во Вашингтон, а за таа прилика избра ефектно бело одело.

Струкираното сако во комбинација со популарните панталони носи потпис на француската модна куќа “Dior” и на првата дама изгледаше совршено.

Стајлингот го заокружи со омилените салонки со потписот на прославениот дизајнер на обувки Маноло Бланик.

Прегледи:
583
Објавено на:
18.09.2019