Меланија Трамп ги одбројува последните денови во функцијата на Прва дама на САД. Таа за последен пат ја дочека божиќната елка во Белата Куќа а за оваа прилика не пропушти да изгледа беспрекорно стилизирана од глава до пети.
Претседателскиот пар Доналд и Меланија Трамп ќе продолжат да живеат во Белата Куќа се до Јануари 2021 а после тоа ќе мораат да се иселат кога на чело ќе дојде новиот претседател Џо Бајден.
До тогаш, Меланија сеуште ќе ги извршува обврските предвидени за една прва дама помеѓу кои е и украсувањето на Белата куќа.
Таа ја пречека новогодишната елка пред Белата куќа во Вашингтон за последен пат. Елката е висока 5 и половина метри. Таа пристигна од западна Вирџинија и ќе биде декорирана и поставена во „сината соба“ на Белата куќа за претстојните празници.
За овој настан Меланија повторно воодушеви со својот моден избор. Таа избра капут-пелерина во „пепито“ принт со црни чизми на висока пета и црни панталони. Целокупниот стајлинг го надополни со елегантни црни ракавици.