Категории

Мирот е скапоцен и не смееш да дозволиш никој да ти го одземе по никоја цена

Затоа што не можеш да живееш среќен и исполнет живот ако дозволуваш другите да влијаат врз твоите чувства и да го крадат твојот спокој. 

Доаѓа време кога на човек му е потребен мир повеќе од се. Не му е важно да биде во средината на сите случувања, да биде виден, да знае за што се зборува, било позитивно или негативно. Веќе не му е важно да ја има онаа маса на луѓе околу себе кои ќе направат добра забава во која тој на некој начин ќе ужива, нити повеќе му се важни авантурите кои ќе го исцедат до последна капка адренлин, нити егзотичните места за кои отсекогаш сонувал и посакувал да ги посети.

Доаѓаат времиња кога човек го цени мирот повеќе од се. Кога се уморува од луѓето и случувањата и сака само да ужива во својот спокој, да чита некоја книга и никој ништо да не го прашува. Доаѓаат времиња кога човек не сака никому ништо да докажува или покажува затоа што знае дека тоа повеќе нема смисла, затоа што и онака луѓето веруваат во она што сакаат.

Мирот е скапоцен и треба да се чува по секоја цена. Затоа што не можеш да живееш среќен и исполнет живот ако дозволуваш другите да влијаат врз твоите чувства и да го крадат твојот спокој. Понекогаш е добро да се биде себичен по цена да останеш присебен и да го имаш својот живот под своја контрола.

Прегледи:
548
Објавено на:
10.12.2020