Категории

Мицеларна вода: Неопходен продукт за беспрекорно чиста кожа

Зошто морате да ја додадете мицеларната вода во вашата секојдневна рутина за нега на кожата

Мицеларната вода претставува благо сретство за чистење кое ја растравара шминката и нечистотиите на кожата, длабински ја чисти и негува притоа одржувајќи ја рамнотежата на хидролипидните мембрани за што не е потребно миење.
Одлична е затоа што не ја суши и иритира кожата, и е погодна за секој тип на кожа како и за отстранување на шминката од очите.
Мицеларната вода во својот состав нема алкохол нити сапун. По правило не содржи нити силикони нити парфеми.

Овој продукт е едноставен за употреба – се нанесува само малку течност на памучен туфер и со тоа се чисти лицето. Кожата ви останува чиста и свежа и нема траги од нечистотии.
Во почетокот мицеларната вода беше замислена како сретство за деликатно чистење на бебешката кожа но подоцна производителите го модифицираа нејзиниот состав со што добија иновативен производ кој одговара за секој.

Мицеларната вода сепак делува на површината на кожата, па доколку носите потешка шминка морате дополнително да ја исчистите кожата со додатни сретства.

Активната компонента на мицеларната вода се мицелите – микроскопски соединенија кои во одредена концентрација во водата формираат површински активни материи.
Мицеларната вода во никој случај не може да и наштети на вашата кожа, без оглед на тоа каков тип на кожа поседувате. Овај продукт за нега денес е број 1 во светот на козметичката индустрија, затоа задолжително е да го додадете во вашата секојдневна рутина.