Категории

Многу необични, а некои велат и дека се грди: Модел на патики кој ќе го гледаме насекаде во 2019!

Грди и гломазни, таканаречените „татковски“ патики се голем тренд кој го гледавме кај трендсетерките и градските девојки во текот на изминатата година.

Се носеа во различни бои и се комбинираа со најразлични модни парчиња, а сега се искачуваат на едно сосема ново ниво.

Имено, дизајнерите очигледно заклучиле дека овие масивни патики не се истакнуваат доволно, па одлучиле да ги зголемат со уште поголема платформа, неонски бои и дополнително шаренило.

А ако сте од самиот почеток љубителка на овие смели патики и ви одговара нивната впечатливост, тогаш сигурно ќе ве воодушеват моделите кои доаѓаат во кои секако нема да поминете незабележано.

Прегледи:
528
Објавено на:
08.01.2019