Категории

Мода за лето 2019: Овие 6 парчиња облека мора да ги имате! (ФОТО)

20 степени и сончеви зраци – пријатна пролет која го најавува доаѓањето на летото. Ако сте одлучиле да го прегледате својот плакар, погледнете кои 6 трендови се задолжителни оваа сезона.

Миди здолниште

Без обзир дали е на пруги, со принт, леопард шара или набори, најважното нешто кај здолништата ова лето е нивната должина. Може лесно да ги искомбинирате со едноставни маици или кошули. Одлично одговараат со чизми, патики или потпетици. Особено е интересно здолништето на фалти во миди должина.

Цветни фустани

Облеката со цветни принтови припаѓа во задолжителните парчиња за ова лето. Нежни, полупроѕирни фустани кои го отцртуваат женското тело и го нагласуваат струкот. Може да ги најдете во сите должини – над коленици па сѐ до подот! Добри се за комбинирање, бидејќи може да ги носите и со патики, сандали, платформа и високи потпетици.

Карирани панталони

Карираните панталони ќе бидат апсолутен хит ова лето. Одлично се комбинираат на спортски или елегантен начин. Доколку сакате лежерен изглед, може да ги комбинирате со дуксери, маички и патики. За поелегантен изглед изберете кошула.

Плетената облека не е само за во зима

Плетената облека не е само за во зима! Волнените плетива не мора да се употребуваат само за џемпери. И летно време може да се користат поради својата прозрачност.

Набрани панталони

Ваквиот крој на панталони ќе го нагласи вашиот струк со наборите или појасите. Дискретната облека ќе ги стави панталоните во прв план, паа комбинирајте ги со едноставни маици или кошули.

Каубојки

Каубојските чизми не ги заборавајте во лето. Светли и природни тонови одлично ќе се вклопат во летната гардероба, а црните каубојки оставете ги за во зима.