Категории

Модниот свет го прогласи за икона – Ова е најдобро облечениот маж на годината

Тимоти Шаламеј го освои модниот свет

Тој е харизматичен, млад, неверојатно талентиран и поседува истенчен моден вкус. Позади себе ги остави Бред Пит и Дејвид Бекам а причината за неговата едногласна победа е тоа што на црвениот тепих му нема равен, а тоа е место каде што тој го добива сето внимание.
Младиот актер нижи успешни проекти а досега веќе два пати беше номиниран за Оскар. Освен тоа што како актер има добиено голем број признание, веќе почна да ги нижи и во модниот свет.
На листата на магазинот GQ за најдобро облечени мажи за оваа година тој го завзеде триумфалното прво место оставајќи ги зад себе големите имиња како Бред Пит, Дејвид Бекам и Хари Стајлс.

Тимоти својата слава ја стекна првенствено во прочуениот филм Call Me By Your Name, а кога се во прашање големите филмски премиери и фестивали тој секогаш успева да привлече повеќе внимание со својот моден избор засенувајќи ги и своите колешки во екстравагантни и гламурозни тоалети.

Прегледи:
411
Објавено на:
16.12.2019