Категории

Модно советувалиште: Како да изградите сопствен стил?

Една од најголемите љубови на жените е дефинитивно модата. Меѓутоа, како да се пронајдете и изградите во морето на стилови и трендови, кои секојдневно се вртат околу нас, е прашање кое ја мачи секоја вљубеничка во модата.

Добра црна сукња
За софистициран изглед во секоја прилика, потребно ви е класично парче кое совршено ќе се комбинира, како со бела маица така и со кошули и романтични блузи. Било да се работи за pencil сукња, плисирана или миди, таа е совршена база за многу стајлинзи.

Не се базирајте само на трендовите
Трендовите се во ред само кога ви се допаѓаат, но доколку сте една од оние жени која не ги сака актуелните трендови и едноставно не може да се пронајде себеси како го носи секој од нив, тоа е сосема во ред. Класиката никогаш не излегува од мода, па подобро ориентирајте се кон неа.

Запознајте го сопственото тело
Кога градите сопствен стил, важно е да го запознаете сопственоо тело и да одлучувате сами што ви стои добро а што не. Нема потреба да купувате гардероба која знаете дека нема никогаш да ја облечете, само затоа што не ви стои онака како што сте замислувале. Детално запознајте го вашето тело и пронајдете ги идеалните кроеви кои добро ќе го истакнат и ќе ги акцентираат неговите позитивни страни а сокријате негативните.

Целта е во тоа да се чувствувате добро
Кога купувате гардероба, најважен е критериумот да се чувствувате добро и да уживате во тоа што го носите без притоа да ве стега или гуши. Кога се чувствувате пријатно во облеката која ја носите тоа ќе се одрази кон вашиот став и држење а тоа е поентата на совршениот аутфит.

Издвојте пари за класични парчиња
Нема потреба да давате пари за тренди облека која следната сезона нема да биде популарна, но ако сакате на себеси да си приуштите некое луксузно парче, тогаш инвестирајте во добра стара класика која ќе остане засекогаш!

Прегледи:
447
Објавено на:
15.09.2019