Време е полека да започнеме да се збогуваме со летните трендови, но не пред да го споменеме здолништето на Ана Ивановиќ која ги засени сите летни трендови на крајот од месецот.
Версаче со сигурност го понуди здолништето на годината, меѓутоа еден модел би можел да му ја земе титулата благодарение на Ана Ивановиќ, која на Инстаграм овие денови собира милиони лајкови за својот на прв поглед сосема едноставен стајлинг.
Имено, главната ѕвезда за вечерен стајлинг е здолништето од италијанскиот бренд МСГМ. Станува збор за асиметричен модел со впечатлива сина боја, кој едноставно веднаш станува центар на внимание.
Едноставен бел топ без ракави, високи потпетици и чанта од модната куќа Шанел наречена „Boy“ во бела боја, одлично го нагласуваат здолништето во кое секоја жена би заблескала – и на луда журка и на романтична вечера.