Категории

Моќна тетоважа која поттикна многу жени да зборуваат за спонтаниот абортус

Спонтаниот абортус е тешка и болна тема на која многумина избегнуваат да зборуваат. Моќна тетоважа на жена посветена на детето кое го изгуби поради спонтан абортус, поттикна многу жени кои поминале низ истото тажно искуство да ја споделат својата животна приказна.

Џоан Бремер го изгубила своето бебенце кога била во седмата недела од бременоста. За полесно да го преброди овој болен и тежок период, Џоан решила отворено да зборува за своето искуство и да си направи тетоважа која секогаш ќе ја потсетува на своето неродено бебенце.

„Ми требаа три дена за да се опоравам и за тоа време размислував да си ставам тетоважа за да го одбележам ова животно искуство. Сите мои тетоважи имаат посебно значење за мене. И покрај тоа што беше тежок период, сакав да го пребродам на некој начин“ – вели Џоан.

02

Џоан со својот сопруг

„Загубата на бебенце, дури и кога е во раната бременост, е многу тешко. Зборувањето за тоа ми помага да ги излечам раните. Знам дека постои одреден молк за спонтаните абортуси и загубата на бебе, но јас не се срамам што тоа ми се случи мене. Навистина сметам дека делува лековито да се зборува за тоа“ – додала таа.

Потрагата по идеалната тетоважа завршила кога Џоан ја пронашла тетоважата со силуета на бремена жена која поврзува две срца – на мајката и на бебето во стомакот.

Бремер сподели фотографија од тетоважата на Imgur и за кратко време привлече стотици жени и мажи кои изгубиле дете да ги споделат своите приказни.

I had a miscarriage two weeks ago….

„Жалам. Знам дека е лошо. Мојата сопруга имаше спонтан абортус пред 3 месеци. Во осмата недела од бременоста направивме сонограм и сè беше во ред. Во 11. недела, открија дека бебето беше мртво од 9. недела“, „Јас и мојата сопруга изгубивме четири деца од три спонтани абортуси. Тешко е. Останува со тебе, но продолжуваш понатаму со животот“, „Го изгубив бебето во 21. недела од мојата втора бременост. Брутално е. Го знаев нејзиниот пол, имаше име, го чувствував нејзиното клоцање и икање. И тогаш, неа ја немаше повеќе. Сите спонтани абортуси се тешки без разлика во која недела од бременоста си. Ако ги имаш видено тие две линии на тестот за бременост, губиш нешто“ – се дел од коментарите на постот со фотографијата на Imgur.

Многу жени на социјалните мрежи си ги споделуваат тетоважите посветени на загубата на бебенце заедно со своите животни стории.

04

05

06

07

08

09

10

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

21

Прегледи:
812
Објавено на:
29.06.2016