Категории

Мухамед Икрам игра билјард иако нема раце – И покрај својот хендикеп го оствари својот сон

Иако е роден со дефект, тој сепак не се откажува од својот сон да игра меч против некој друг.

Животот е чудо и кога пред нас ќе постави само наизглед, непремостливи препреки, нема таква сила која може да не спречи нашата желба да је претвориме во вистина. Тоа можеби најдобро го знае 32-годишниот пакистанец, Мухамед Икрам кој е роден без раце, но денес ретко кој може да го победи во снукер.

Желбата на Мухамед се зајакнала уште од периодот кога бил дете, тој одел во локалниот кафе бар во градот Самсундри каде ги гледал другите како играат снукер. Како што велат оние кои ги знаат и кои го гледале, тој губи дури само една партија во дваесет. Фактот дека е роден без раце во семејство кое е многу сиромашно што немале нити струја нити вода, животната приказна на ова момче ги заинтересирала дури и филмските работници кои планираат по него да снимат и филм.

„Бевме среќни што скоро речиси секој ден имавме што да јадеме, но за жал, можевме само да сонуваме за да одиме во училиште. Мене тоа би усреќило многу но ридителите не можеа да си дозволат таков трошок да ми купуваат книги и да го плаќаат моето образование. Не знаев нити да читам до својата единаесетта година, односно, се додека не почнаа да му учат луѓето од кафичот во кој како дете сакав да одам. Таму имаше една маса за снукер и обожавав да гледам како другите играат, знам само дека стоев таму од отворање до затворање и се восхитував на играта“, изјави Мухамед за едно интервју.

Како што и сам кажува, долго му се мотала идеата во главата да заигра некој меч против некого, иако е роден со дефект кој таа идеа му ја претвора само во сон/
Меѓутоа силата на волјата, големата желба и дактот дека сопствениците на кафичот му дозволуваат понекогаш да преноќи во нивниот локал, го доведоа до тоа Мухамед полека да вежба играње снукер така што ги удира топките со помош на главата.

Првата партија ја изгубил, но тоа не го спречило да продолжи да вежба, така денес, после 15 години, Мухамед стана не само најдобар играч во својот град, туку и најдобриот играч во својот регион.

Сега Мухамед игра снукер не само за забава туку и на тој начин заработува за живот, има обожаватели од секаде кои доаѓаат да го гледаат како победува.