Никогаш не е доцна за тетоважа, а оваа жена го докажа тоа ставајќи ја својата прва тетоважа на 82 години.
Во чест на нејзиниот покоен сопруг, June Bright од Спалдинг, Англија го истетовирала неговото име на нејзината рака, како ултимативен чин на љубов и сеќавање.
Таа и нејзиниот сопруг биле заедно од 13 години, поминале 53 заедички среќни години, а во брак биле 45 години се додека тој не починал во 2001 година.
После 16 години, таа барала начин како да ја обележи љубовта и сеќавањето за него на најдобар начин. Тогаш започнала да размислува за ставање на тетоважа, каква и каде би ја ставила.
Првичната идеја и била да го истетовира неговото име околу прстот каде го носи венчалниот прстен, а потоа заради должината на името, планирала да ги стави само иницијалите.
Конечната одлука за тетоважата и нејзиното место била на денот на тетовирањето, кога таа им кажала дека никогаш во животот го нема извадено венчалниот прстен и дека не сака да го стори тоа сега. Така името на нејзиниот животен сопатник завршило на нејзината рака, како вечно сеќавање.