Категории

На британците ќе им биде платено доколку ги вратат шишињата за рециклирање во продавница

Британските потрошувачи ќе бидат исплаќани до 6 шени за секое пластично, метално или стаклено шише кое ќе го вратат во продавниците, согласно новите владини мерки за зголемување на рециклирањето.

Предлогот е даден од  Michael Gove, од секторот за животна средина, на конференцијата на Конзервативната партија во Манчестер.
Идејата е да се воведе систем на „враќање и награда“, со што на потрошувачите би им се вратило до 6 пени од цената која ја платиле за производот, од продавницата каде е купено.  Ваква пракса веќе постои во Австралија и Данска, каде 9 од 10 шишиња се рециклираат, за разлика од Британија каде само половина од шишињата се рециклираат.
Планот е да се намали загаденоста на океаните, каде 8 милиони тони од пластика се фрла годишно. Додека светот бара начин да се намали загадувањето, Кока Кола го зголеми производството на пластични шишиња на над милијарда минатата година.
Дизајнери и мали бизниси веќе се фокусирани на изработка на шишиња за реупотреба, а иако воведувањето на ваква политика ќе значи мало зголемување на цените, сепак секој кој сака да си ги добие парите назад, воедно ќе помогне за еколошката состојба на земјата. Што не е ни така лошо.