Категории

На кои делови од телото никако не треба да ставате парфем

Иако на многумина тоа им е навика, постојат места на кои не треба да ставаме парфем

Често и со желба да мирисаме што поубаво и мирисот да трае повеќе, претеруваме со парфемот а тоа никако не е добро за кожата. Постојат места на телото каде што никако не треба да прскаме парфем.

Косата ќе мириса на парфемот кога ќе ја напрскаме, секако, но всушност вистината е таа дека оние парфеми кои се на база на алкохол можат да и наштетат и да ја исушат особено ако се прскаат од близина. Алтернатива е парфемот да се напрска на четка и со неа да се помине низ косата.

Стручњаците тврдат дека сепак не е добро да се прска парфем на рацете. Алкохолот би можел да го иритира ова подрачје. Особено не треба да се трие рака со рака, но освен тоа, ако раката дојде во контакт со очите, може да се појави црвенило.

Прскањето парфем под пазувите исто така не е добра идеа иако некои сакаат да стават парфем тука наместо дезодоранс. Резултатот може да биде осип и пецкање.

Интимните подрачја исто така никако не се добро место за ставање на парфем, затоа што може да предизвика воспаление, болка и иритација.

Каде се препорачува ставање на парфем?
Стручњаците велат дека најдобрите места се зглобовите, вратот, и задната страна на колената. Тие места се малку потопли од другите делови од телото па на тој начин отпуштаат повеќе мирис.

Прегледи:
612
Објавено на:
23.08.2020