Категории

На наведната глава круна не стои – Другите ќе те почитуваат кога ќе почнеш да се почитуваш себеси

Луѓето ќе почнат да те почитуваат кога ти ќе почнеш да се почитуваш себеси. Кога ќе престанеш да бараш извунување за нештата за кои и онака не можат и не треба да ти дадат, и кога ќе го кажеш своето мислење без страв што туѓото мислење е поинакво од твоето. Луѓето ќе те почитуваат кога ќе ја признаеш грешката која си ја направил давајќи им до знаење дека не си совршен и си свесен за тоа, но со тој чин покажуваш дека во тебе сепак расте една нова величина.

Луѓето ќе те почитуваат тогаш кога ќе почнеш да мислиш со својата глава наместо читајќи цитати од познати писатели за теми кои те интересираат и ќе почнеш да се водиш и да живееш според своите мисли и чувства кои доаѓаат од тебе. Луѓето ќе те почитуваат кога ќе престанеш да се плашиш од солзите, плачењето и сочувството затоа што тоа е знак колку си силен како човек кога еднаш ќе ја покажеш својата ранлива страна и покрај тоа што некој може да ја злоупотреби.

Затоа немој да ја наведнуваш главата пред моќниците на овој свет, пред оние од кои мислиш дека ќе добиеш некој грам интерес. Држи ја својата глава високо крената и немој да ја наведнуваш пред никого. Само тогаш ќе го заслужиш почитување на другите без некој посебен труд.
Запомни, на наведната глава – круна не стои.

Прегледи:
720
Објавено на:
24.12.2020