Категории

Надреални фотографии од балерини на улиците на Хонг Конг

Фотографот Omar Robles го продолжува своето патување, па после Њу Јорк, Куба, Мексико и Пуерто Рико, овој талентиран фотограф фотографираше балерини и на улиците во Хонг Конг.

 Тој бил ангажиран од Комората за туризам на Хонг Конг за да ја фотографира танчерката Brittany Cavaco за кампања која ги промовира локалните уметнички места.

После напорно снимање, тој се вратил кон тоа што го прави најдобро – собрал локални танчери за да бидат фотографирани во урбаната средина.

„Нема подобро чувство на светот од тоа да фотографирам каде што локалното население минува секојдневно. Маркетите, тротоарите, улиците…таму сакам да сум“ вели тој. „Главната идеја зад портретирањето на танчерите во урбаната средина не е за да се наруши тој амбиент, туку напротив, да се хармонизира со околината.“ 

„Хонг Конг ни понуди посебен шарм, несекојдневен. Се изгледаше неверојатно. Целосно сензорно преоптоварување од градот ја разбуди детската вчудоневиденост во мене. Како да стоев пред едно огромно игралиште, а самиот перформанс на танчерите доведе до надреални фотографии.“

  

  

  

Прегледи:
566
Објавено на:
10.04.2017