Категории

Најинспиративните цитати од Џони Деп

Џони Деп е еден од оние од оние познати личности за кои слободно можеме да кажеме дека е жива легенда. Актерот со досега најекцентрични култни улоги во својата кариера, е феноменот во Холивуд.

Тој поминал низ доста тешко детство во кое неговото семејство било исклучително сиромашно без сигурно место на живеење. Започнал да заработува на многу рана возраст, а веќе на 12 години бил зависник од дрога. Во своето тинејџерство бил чуден и изолиран од своите врсници. Патот до успехот и славата воопшто не му бил лесен, а кога е во прашање љубовта исто така зад него стојат неколку турбулентни врски кои завршиле трагично. Кој подобро од него би знаел да подели совет кога е во прашање животната филозофија, ова се неговите најинспиративни мисли кои ќе останат запаметени уште долго.

„Продолжи да се движиш напред, и нека не ти е грижа што мислат другите. Направи го она што треба да го направиш, направи го за себе!“

„Луѓето велат дека правам чудни избори, но тие не ми изгледаат чудно мене. Јас сум фасциниран од однесувањето на луѓето, она што лежи длабоко под површината, внатре во нив.“

„Смеј се колку што дишеш, се додека живееш!“

„Љубовта не е слепа. Таа ни дава можност да согледуваме нешта кои другите не можат да ги видат!“

„Мислам дека единственото најважно нешто е да уживаш во возењето се додека трае!“

„Кога бев тинејџер бев премногу несигурен. Никога не се вклопував никаде, и немав право на избор. Бев убеден дека не поседувам никаков талент, за ништо. И таа мисла ми ги одзеде сите амбиции.“

„Сакам да превземам ризици. Сакам да го дознаам нивниот исход, дали ќе успеам или се ќе се сруши врз мене!“

„Ако сакаш две личности во исто време, одбери ја втората. Затоа што ако не си ја сакал вистински првата, никогаш немало да погледнеш во втората.“