Категории

Најбрза и најслатка кекс торта со вишни и чоколадо: Без печење, готова за 15 минути!

Овој освежителен десерт ќе го воодушеви вашето семејство, а идеален е за топлите денови кои доаѓаат.

Потребни состојки:

  • 700 гр. кекси
  • 1 л. јогурт
  • 300 гр. мелен кекс
  • 200 гр. шеќер во прав
  • 1 кесичка ванилин шеќер
  • 100 фр. црно чоколадо
  • 350 гр. вишни
  • шлаг или слатка павлака

Подготовка:

Кексот искршете го на крупни парчиња, додадете го мелениот кекс, ванилиниот шеќер и шеќер во прав и добро измешајте. Смесата прелијте ја со јогурт и повторно промешајте додека не се соедини. Половина од смесата ставете ја во калап и во подлабок среден плех и израмнете. Преку смесата истурете ја растопената чоколада, а потоа додадете ја другата половина од смесата во која ќе ги ставите и вишните. На врвот додадете шлаг или изматена слатка павлака. Оставете во фрижидер околу два часа да се стегне.

Прегледи:
696
Објавено на:
11.05.2020