Категории

Најчести грешки кои ги правите при бричењето

Доколку бричењето и покрај се е вашата омилена метода на отстранување на влакната сигурно неколку пати сте се нашле во ситуација да затекнете неколку непосакувани влакна кои и покрај процесот сеуште останале на вашата кожа, па за таа цел ние ви ги откриваме грешките кои ги правите и ве доведуваат до тоа..

1. Предолго користите ист жилет

Иако на пакувањата не пиши колку долго може да се употребува еден брич, специјалистите тврдат дека е доволно да се користи 10 пати, потоа сечилата стануваат тапи и можат да доведат до оштетување на кожата.

2. Не користите производи наменети за бричење

Со причина постојат креми и гелови за бричење, тие служат да ги омекнат влакната и да ја намалат штетат во текот на бричењето.

3. Не ја хидратизирате кожата

Како и на лицето така и на остатокот на кожата на телото и е потребна хидратизациза. Прекумерното сушење на кожата може сериозно да ја оштети.

4. Користите агресивни креми и лосиони 

Доколку откако ќе се избричите и нанесете крем или лосион за тело и од него почувствувате пецкање тогаш голема е веројатнодта тој производ дополнително да ја ирира вашата кожа. Користете производи наменети за осетлива кожа.
Прегледи:
558
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
24.05.2017