Категории

Најди некој кој е твое безбедно место, најголема авантура и бескраен мир

Пронајди некој кој ќе биде воздух за твојата душа. Кој ќе ја вивнува горе во облаците. Не некој кој ќе го истиснува сиот воздух од тебе и ќе направи да се чувствуваш заробено.

И колку човек понекогаш да се чувствува силен и независен, не може да ги премине сите препреки сам. Покрај себе мора да има нечија рака која ќе може да ја дофати секогаш ќе се заништа чекорејќи по тенкото јаже на животните предизвици. Некој покрај кого ќе го пронајде својот мир кога неговите чувства ќе почнат да се брануваат, кога ќе почувствува дека светот премногу го задушува.
Пронајди некој кој ќе биде воздух за твојата душа. Кој ќе ја вивнува горе во облаците. Не некој кој ќе го истиснува сиот воздух од тебе и ќе направи да се чувствуваш заробено.

Најважно е покрај себе да имаш некого со кого ќе стоиш цврсто и кога се околу тебе се распаѓа. Некој чие присуство ќе ти дава сила да издржиш и да продолжиш да чекориш напред и тогаш кога ќе ти затреперат нозете.

Некој кој ќе ти ги покаже небото и ѕвездите, некој покрај кого ќе можеш да бидеш она што си и нема да мораш да се прилагодуваш за да му се допаднеш. Некој кој ќе те прифати со сите твоите сурови страни и оние прекрасни и нежни.

Некој покрај кого и самотијата ќе има смисла, дури и кога нема да изустите нити збор, знаеш дека твојата и неговата душа зборуваат меѓусебно. Некој кој секоја твоја рана ќе ја претвори во бисер. Некој кој ќе чекори зедно со тебе по твојот пат и колку луд и бесмислен да делува, само затоа што верува во тебе и знае дека тоа те исполнува и те прави среќен.

Најди некој кој е твое безбедно место, најголема авантура, и бескраен мир.

Прегледи:
460
Објавено на:
17.05.2020