Кој е најголемиот непријател на човекот?
Смртта се движела во еден голем град. Сретнала еден човек кој ја запрашал: „Со што се занимаваш?“, а Смртта на тоа му одговорила – „Денес ќе убијам десет луѓе!“
„Но тоа е страшно!“, извикал човекот. „Знам“, одговорила Смртта, „но тоа е мојата работа“.
Следниот ден истиот човек повторно ја сретнал Смртта и ја нападнал велејќи и: „Рече дека ќе убиеш десет луѓе, но на крајот умреа стотици!“
„Јас убив само десет. Другите ги уби нивниот страв и загриженост.“ – одговорила Смртта.