Категории

Најнови вести од модниот свет – Ова се водечките пролетни трендови за 2020

Модниот свет ни ги донесува најактуелните трендови кои ќе доминираат оваа пролет

Уште многу малку не дели од соблекувањето на слоевите облека и облекувањето на лепршавите фустани. Ако се двоумите кој модел на фустан ќе биде најактуелен оваа пролет, ние ви ги донесуваме најновите вести, директно од модните стручњаци.

Ова се водечките трендови кои никако не смеете да ги заобиколите.

„Puff“ ракави
Модниот детал кој се провлекува уште од есента ја прави својата транзиција и во топлите денови. Речиси сите модни фанатички „паднаа“ на неговиот шарм а овој пат ‘подуените’ ракави ќе ги красат и фустаните.

Минимализам
Тој е доста актуелен во последно време а во него ќе се пронајдат сите оние кои ја обожаваат класиката и елегантниот стил. Малиот црн фустан, неутралните тонови, белите кошули и еднобојните одела се клучот.

Везени фустани
Трендот кој беше популарен во ’70-тите години се враќа на големата врата. Сосема неочекувано но оваа пролет тој ќе го направи својот спектакуларен камбек. Овие фустани ќе можете да ги носите на плажа а и за вечерни излегувања.

Прегледи:
842
Објавено на:
17.03.2020