Категории

Најозборуваната фотографија оваа недела – Што е со нозете на Блејк Лајвли?

Актерка Блејк Лајвли е позната по тоа што често се шегува на своја сметка. На социјалните мрежи таа објави фотографија со нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс изјавувајќи дека тој за прв пат гласал на изборите за претседател на САД.

„Беше разбирливо преплашен. Се се случи толку брзо. Многу брзо. Плачеше. Јас се правев дека плачам. Тогаш ги повика сите свои пријатели“ – напиша Блејк на фотографијата и нагласи дека тие ја извршија својата граѓанска должност.

Но нивната порака за поттикнување на следачите да излезат на гласање падна во втор план. Најголемо внимание привлекоа нозете на Блејк Лајвли. Кога ја сликале фотографијата таа била боса, па си нацртала чевли.

„Погледнете и ги стапалата. Таа си нацрта штикли. Ја обожавам!“ – пишува во коментарите под фотографијата.

И Рајан исто така ги повика своите следачи на гласање и ја објави истата фотографија со сопругата на која јасно се гледа дека Блејк е боса.

„Ова е прв пат да гласам во Америка. Сакам да и се заблагодарам на својата сопруга Блејк што мојот прв пат направи да биде нежен и полн со љубов. Беше страшно во почетокот, после возбудливо, а сега сум малку уморен. Но горд!“ – напиша Рајан.
Поради неговата објава следачите на парот добија потврда дека Блејк е вистински вешта во уредувањето на фотографиите и дека навистина си нацртала чевли на заедничката фотографија.

Прегледи:
918
Објавено на:
27.10.2020