Категории

Најскапата шолја кафе во светот чини 75 долари

За да го пробате ова кафе, мора да резервирате место на листата на чекање!

Мелницата за кафе во Лос Анџелес нуди шолја од овој напиток која вреди 75 долари, и самата кажува дека нејзиното кафе е најскапо во светот.
Klatch Coffee објави дека нивното кафе „Elida Geisha Natural 803“ е најскапото кафе во светот, а клучот е во името: бројката 803 се однесува на 803 долари платени за половина килограм кафе на аукција.

Кафето кое е продадено на аукција откако победи на такмичење за најдобро панамско кафе. Вкупно се достапни само 50 килограми. Тоа било продавано во Јапонија, Кина и Тајван и само на еден купец во САД.

Конечниот купувач била калифорниската компанија Klatch Coffee која набавила 5 килограми од тоа кафе и сега го продава по цена од 75 долари по шолја во еден од своите кафичи во Сан Франциско. Но во кафичот неможе едноставно да се влезе и да се нарача шолја кафе, претходно мора да се резервира вкусување на истото.