Категории

Најскапите нозе на светот – која позната личност заработува милиони само покажувајќи ги своите нозе

Кога ќе изградите сопствен имиџ, вашето име претставува своевидна империја. Една личност од светот на шоу бизнисот, буквално може да направи милиони покажувајќи само еден дел од своето тело.

Џенифер Лопез е една од најпопуларните пеачки денес. Таа од своето име создаде бренд и секој дел од своето тело знае добро да го претстави при тоа успевајќи да заработи вртоглави суми.
Се проценува дека нејзината вредност денес изнесува 360 милиони долари, а освен од концертите и фановите, пеачката заработува и огромна сума само од своите нозе.

Таа го осигурала својот задник за сума од 27 милиони долари.
Познатата латино дива дизајнира и чевли а во склоп на бизнисот исто така советува и како треба да се негуваат стапалата.
Секоја минута во која таа ги појавува нејзините нозе во реклама кошта милион долари.
Модните брендови и плаќаат од 200,000 до 500,000 долари само на црвениот тепих да „прошета“ една од нивните креации.
Таа сними и реклама за нега на косата за која добила сума од 2,9 милиони долари.
Само од продажбата на влезници, пеачката заработила 90 милиони долари.