Првата од трите претседателски дебати во САД помеѓу постоечкиот претседател Доналд Трамп и кандидатот од Демократската партија Џо Бајден, ги шокира и разочара и Американците, но и сите луѓе кои следат политика во светот.
Наместо културна и информативна дебата помеѓу политичарите кои треба да се најдоброто во САД, во четвртокот, на 29 септември, се случи натпревар во надвикување. Според CBS News/YouGov анкета по дебатата, 69% од испитаниците кажале дека биле ужаснати од дебатата. Шест од десет испитаници сметаат дека Бајден ја победил дебатата, но многу луѓе сметаат дека всушност немаше победник.
Подоле можете да ја погледнете дебатата ако Ве интересира, но она што ние направивме тука, е поврзано со хумор на сметка на дебатата. Ги собравме најсмешните (но и највистинити) твитови во врска со претседателската дебата и ги преведовме и објавивме тука.
Дебатата:
Што викаат луѓето за ова надвикување?
„Не можам да поверувам дека викаа дека жените се преемоционални за да би биле претседатели“ – @onceuponA
„Претседателската дебата беше најлошото нешто што досега сум го видел, а глумев во Празничното издание на Војна на Ѕвездите“ – @HamillHimself
„Мутирајте им ги микрофоните кога не треба да зборуваат, ништо ли не научивте од Zoom?” – @jenortiznyc
„Трамп се заќуте само кога му кажаа да цензурира белечки супримитет“ – @drippydrank
„Трамп ја спомена употребата на кокаин од страна на Хантер Бајден, а Бајден погледна кон камерата и кажа дека е горд на син му кој ја надминал зависноста“ – @mkraju
„Ме разбеснува тоа што нашиот претседател ја миноризира пандемијата која ми ги уби двајцата родители“ – RobertGarciaLB
„Претседателот на САД ги накриви дрвјата за промената на климатските услови“ – @snitchery
И, секако, мемите се бесценети: