Категории

Најсовремените третмани на лице во светот отсега достапни во Anti Aging Center by Promoitalia!

Негата на лицето е од особено значење за изгледот на секоја личност. Негуваната кожа е одраз на стилот на живеењето и зрачи со самодоверба. Лидерите во областа на естетската медицина и врвната естетска дерматологија и козметологија, првиот и најсовремен anti aging Центар во Македонија – Anti aging Center by Promoitalia, секогаш е во чекор со најновите достигнувања во областа на негата на кожата, па така и овој пат ви нуди третмани кои на природен начин ќе ја доведат вашата кожа до совршенство.

 

Дијамантска дермоабразија

Дијамантскиот пилинг или дијамантската дермоабразија е еден од најпопуларните третмани на денешницата, кој резултира со блескав и изедначен тен, без маани. Исто така е ефикасен и во борбата со брчките, акните и проширените пори, како и површинските флеки на кожата.

Што е дијамантска дермоабразија и како делува?

Ова е естетски третман на лице со брзи ефекти. Преку механичкото отстранување на површинскиот слој на кожата и нејзините изумрени клетки, со помош на дијамантските плочки и честички на вакум подлога, се подобрува и микроциркулацијата и дренажата на ткивото.

Со вакумот се постигнуваат подобри резултати при чистењето на лицето и се спречува прекумерното лачење на себум и создавање масен слој на површината на кожата. На тој начин се постигнува создавање на нови клетки во базичниот слој на кожата.

Како изгледа кожата по третманот?

По третманот, кожата е во многу подобра состојба, текстурата е уште подобра, освежена и поубава. Тенот е изедначен, а образите се порумени, лицето е затегнато.

Super Star OXY jet третман на лице

Кислородот е еликсир на животот и како што е потребен за живот исто така е исклучително потребен за обновувањето на клетките на кожата. Super Star OXY jet технологијата е комбинација на различни постапки на еден апарат кој овозможува „полнење“ на кожата по слоевите сѐ до дермисот. Мезотерапија (без игли) со пулсирачки 98% кислород. Пријатно и безболно, кожата станува мазна, свежа и блескава.

Super Star OXY jet третманот на лице е терапија која ги доведува активните состојки во подлабоките слоеви на кожата и ги измазнува брчките, пигментацијата, акните, а воедно ја хидрира кожата. Овој третман е значително распространет кај светските ѕвезди како што се Мадона, Џенифер Анистон, Лиса Кадроу и многу други, кои благодарение на Super Star OXY jet го одржуваат својот младешки изглед и астрактивност на кожата на сосема природен начин.

Anti Age третман на лице

За Anti Age третманите односно за подмладувањето на лицето во Anti Aging Center by Promoitalia користат различни терапии кои зависат од типот и потребите на кожата. Со помош на Anti Age третманите на лицето се постигнува стимулација на колаген на кожата кој го спречува настанувањето на несаканите брчки, се користат витамински ампули во зависност од видот на кожата, масажа на лицето, како и креми за краен ефект. Anti Age третманот е сигурен и има голема успешност за сите типови на кожа. По третманот клиентот може да се врати на секојдневните активности.

Закажете го вашиот термин во Anti Aging Center by Promoitalia и уживајте во најсовремените методи и техники за совршена кожа.